Фиорентина со тешки маки стигна до полуфиналето на Конференциската лига

Екипата на Фиорентина е првиот полуфиналист во Конференциската лига откако многу потешко од очекувањата успеа да го елиминира полскиот Лех. Екипата од Фиренца имаше предност од 4-1 од првиот натпревар кој се одигра во Полска, но тоа како ги опушти фудбалерите на Фиорентина кои со тешки маки успеаја да ја зачуваат оваа предност.

Лех уште во деветтата минута поведе преку Соуса и најави дека и покрај негативата од три гола од првиот натпревар, нема толку лесно да се предаде. Во 64-тата минута нов шок на „Артемио Франки“, Велде од пенал носи предност на Лех од 0-2.

Тотален молк на стадионот настана во 69-тата минута кога Собјеч зголеми на 0-3 за Лех. Сепак, Сотил во 78-мата минута намали на 1-3 и ја остави Фиорентина во игра за пласман помеѓу најдобрите четири екипи во третото по ранг европско натпреварување.

Полјаците тргнаа на сè или ништо, но тоа резултираше со уште еден гол во мрежата на Беднарек. Кастровили во втората минута од судиското продолжување на времето ги постави конечните 2-3 на овој натпревар.

Фиорентина во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Базел и Ница.

- Оглас -

Најнови вести