Севиља е главна во ЛЕ, поминаа и Јувентус и Баер Леверкузен (Видео)

Екипата на Севиља на спектакуларен начин обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на Европа, откако на домашен терен го декласира Манчестер Јунајтед со 3-0. Најзаслужни за победата на Севиља беа голманот и дефанзивецот на гостите, Де Хеа и Мегваер.

Севиља поведе со погодокот на Јусуф ен Несири после киксот на Де Хеа и Мегваер. На 2-0 зголеми Баде, додека најзаслужен за голот на Јусуф ен Несири за 3-0, повторно беше голманот на Манчестер Јунајтед.

Јувентус одигра 1-1 на гостувањето кај Спортинг Лисабон, што беше доволно за пласман во следната фаза, откако на првиот натпревар во Торино забележа победа од 1-0.

Третиот полуфиналист во Лигата на Европа е Баер Леверкузен кој на рутински начин го совлада Ројал Унион со 4-1 на гостински терен. Белгијците имаа 1-1 од гостувањето во Леверкузен, но не успеаја да го повторат добриот резултат на домашен терен.

Во полуфиналето ќе се сретнат Севиља – Јувентус, додека Баер Леверкузен го чека подобриот од натпреварот помеѓу Рома и Феенорд на кој се уште не е решен патникот помеѓу најдобрите четири во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести