Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја однесе Рома во полуфиналето од Лигата на Европа откако во четвртфиналната пресметка го елиминира Феенорд, а по завршување на натпреварот во Рим , направи шоу на прес-конференцијата.
Мурињо ги дочека своите пет минути и на холандскиот новинар кој го провоцираше по првиот натпревар во Ротердам кој му припадна на Феенорд со 1:0, му даде подарок.
„Никогаш преку Мурињо нема да освоите европски трофеј и затоа имам подарок за тебе, еве ти привезок“, му рече Мурињо на новинарот и му даде привезок кој е реплика на трофејот од Лигата на конференции.
https://twitter.com/i/status/1649190611260407809
„Ќе му го дадам привезокот на нашиот тренер“, рече новинарот, а Специјалниот имаше одговор и на таа забелешка.
„Овој подарок ви е за да не плачете следните десет месеци. Ќе ја освоите титулата во Холандија, играте доста добро и не треба да плачете“.
Jose Mourinho gave a Dutch journalist a keychain with the conference league trophy on it during his press conference#UEL #romfey pic.twitter.com/75or02YE6R
— Top of the league (@msk5_5) April 21, 2023
Холандскиот новинар по првиот натпревар, во својот извештај напиша дека Рома не успеала да ја затресе мрежата на голманот на Феенорд и покрај многуте шанси и удари кон голот. Специјалниот вчера имаше одговор и за тој напис.
„Кога ќе загубам натпревар, не спијам и плачам 10 месеци“, рече Мурињо, алудирајќи на победата на Рома над Феенорд во финалето од Лигата на конференции од минатата сезона.