Кристијано Роналдо нема да биде казнет поради тоа штпо го направи по завршување на дербито против Ал Хилал. Клубот на Роналдо, Ал Наср загуби со 2:0, а фановите на Ал Хилал по мечот го провоцираа Португалецот скандирајќи „Меси, Меси“. Тогаш следуваше срамотен потег, кога Роналдо се фати за меѓуножјето како одговор на провокацијата на навивачите.
Cristiano Ronaldo reaction when the fans were chanting "Messi"pic.twitter.com/kMZCVNYN5Q
— IBT4P (@iibt4p) April 19, 2023
Комисијата за дисциплина и етика при фудбалската федерација на Саудиска Арабија сепак немаше исто мислење како дел од јавноста, па Роналдо не доби никаква ниту суспензија, ниту парична казна.
Единствената казна која е изречена за овој меч е на сметка на Ал Наср и тоа од 15.000 реали поради тоа што гостите задоцнија неколку минути при излегувањето за почеток на второто полувреме.