Од 12-те тима кои останаа во европските купови, ниту еден не е лидер во домашното првенство

Уште по четири тимови останаа во игра за титулите во трите клупски натпреварувања низ Европа, а интересно е дека од 12-те клуба кои се кандидати за трофеите, ниту еден не е првопласиран во домашното првенство.

Од полуфиналистите во Лигата на шампионите, Манчестер сити е втор во Англија со четири бода негатива, но и два меча помалку, и тие се единствените што може да освојат трофеј и дома и во Европа. И Реал Мадрид е втор во Шпанија, но има 11 бодови помалку од Барселона, а Милан и Интер не се ни меѓу првите четири во Италија, и имаат над 20 бода негатива зад лидерот Наполи.

Во Лига Европа, за трофејот се борат Јувентус кој е трети во Италија со минус од 16 бода, Рома која е на минус 19, Баер Леверкузен кој е шести со минус 16, и Севилја која во лигата е дури 13-та со 38 бодови помалку од лидерот.

Полуфиналистите во Конференциската лига се уште полоши на домашна сцена. АЗ Алкмар е четврти во Холандија, Базел е шести, Фиорентина деветта, а Вест Хем 15-ти.

- Оглас -

Најнови вести