Европската фудбалска федерација(УЕФА) ги замрзна цените на билетите за финалето во Лигата на шампионите што ќе се игра во Истанбул.
Цената на билетот за сите четири категории е идентична како и за ланското финале што се играше на стадионот „Франција“ во Париз меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
УЕФА одлучи најевтиниот билет да чини 70 евра, а наскапиот за натпреварот кој е закажан за 10 јуни, ќе чини 690 евра.
Двата тима што ќе игра играат во финалето ќе добијат по 20.000 влезници, дел од влезниците ќе задржи УЕФА за своите спонзори, а останатите ќе бидат пуштени во продажба. Капацитетот на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул изнесува 72.000 седишта.
Во првото полуфинале ќе се сретнат, актуелниот шампион Реал Мадрид и Манчестер сити, додека во второто ќе играат градските ривали Милан и Интер.