Рони како ракета, со убави јубилеи и победа од 13-2 до четвртфинале на СП

Рони О‘Саливен со победа од 13-2 над Хосеин Вафеи, се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во снукер, а таму за ривал ќе го има Лука Бресел.

Легендата О‘Саливен го загуби осмиот фрејм, тогаш Иранецот намали на 2-6, а потоа Рони ги освои последните седум партии. Инаку, најдобриот снукер играч на сите времиња постави и два рекорди. Стана првиот со 1.200 троцифрени брејкови во кариерата, од кои 200 во „Крусибл“ во Шефилд каде секоја година се играат светските првенства.

Во оваа фаза се случи и едно големо изненадување, Џек Џонс со 13-7 го елиминираше некогашниот светски првак Нил Робертсон. Џонс во четвртфиналето ќе има дуел со Марк Ален.

- Оглас -

Најнови вести