Гризман утре може да влезе во историјата, на чекор е од рушење на рекорд од 1974-тата

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман игра одлична сезона во дресот на Атлетико Мадрид. Дуелот против Барселона кој треба да се одигра во 16:15 часот може да биде историски за Атлетико Мадрид и Гризман.

Легендата на “јорганџиите“ Луис Арагонес од 1964-тата до 1974-тата постигна 123 погодоци во шпанската Ла Лига и вкупно 154 во сите натпреварувања, што е клупски рекорд. Гризман до овој момент има вкупно 153 голови и доколку утре стрела против Барселона ќе се израмни на врвот на клупската листа на стрелци.

– „Сакам да влезам во клупската историја и навистина сум возбуден дека можам да го достигнам легендарниот Арагонес. Се чувствувам одлично оваа сезона во Атлетико. Кога гледам колку многу помагам со моите игри, со моите погодоци и асистенции, се чувствувам одлично.“

Сепак, Гризман во шпанската Ла Лига има постигнато “само“ 108 погодоци и во оваа категорија ќе мора да се потруди за да го надмине Луис Арагонес.

- Оглас -

Најнови вести