Фудбалерите на Борусија Дортмунд со убедлива победа од 4-0 над Ајтрахт Франкфурт се искачија на лидерската позиција во Бундес лигата. Екипата на Борусија го искористи киксот на Баерн Минхен и сега со 60 поени е лидер, еден повеќе од “баварците“.
Победникот на овој натпревар беше одлучен уште во првото полувреме, кое домашните го добија со 3-0. Серијата на голови ја отвори Белингам во 19-тата минута.
Холандскиот интернационалец Донел Мален зголеми на 2-0 во 24-тата минута.
Конечните 3-0 на полувремето ги постави Матс Хумелс во 41-вата минута.
Донел Мален со својот втор погодок на овој натпревар во 66-тата минута од мечот ги постави конечните 4-0.