Се изнајмува вилата на Роналдо, цената е “симболична“

Големата куќа во која живееја Кристијано Роналдо и Георгина, додека фудбалерот играше за Реал Мадрид е ставена на оглас за изнајмување. Целиот имот се простира на 4000 метри квадратни, а вилата е на четири ката и има седум спални соби, девет купатила, два базени, џакузи на отворено …

Според шпанските медиуми цената е “само“ 10.000 евра месечно.

На овој имот е снимана хит-серијата на Нетфликс посветена на партнерката на Кристијано Роналдо, “Јас сум Георгина“. Како што таа призна во серијата, се има случено да се загуби во големата куќа.

– „Кога првпат дојдов во куќата на Кристијано, се изгубив. Сакав да отидам во кујната по вода и не знаев каде се наоѓам. Понекогаш ми беше потребно и по половина час да дојдам до дневната соба, бидејќи не го знаев патот за назад.“

Фудбалерот поседува големи имоти во сите места каде има настапувано, Лисабон, Манчестер, Мадрид и Торино.

- Оглас -

Најнови вести