Реал Мадрид со лесни три против Селта, се доближи на -8 од Барселона (Видео)

Екипата на Реал Мадрид без поголеми проблеми ја совлада Селта Виго со 2-0 и се доближи на -8 од лидерот Барселона. Сепак, “каталонците“ имаат натпревар помалку, оној кој треба да го одиграат утре против Атлетико Мадрид.

Отпорот на гостите беше скршен во 42-та минута, кога Марко Асенсио го пронајде патот до мрежата на Виљар.

Конечните 2-0 на овој натпревар беа поставени уште во 48-та минута, кога прецизно стрелаше Едер Милитао.

Реал Мадрид со оваа победа дојде до 65 поени, осум помалку од Барселона која има 73. Селта Виго до крајот на првенството треба само теоретски да си го обезбеди опстанокот, бидејќи со 36 поени е на 12-тата позиција, осум повеќе од Еспањол и опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести