Фудбалерите на Ленс како убедливи победници излегоја од дуелот со Монако, откако забележаа победа од 3-0. Овој дуел е значаен во борбата за пласман во Лигата на шампионите, а Ленс со оваа победа му побегна на Монако со пет поени на шест кола до крајот на Лига 1.
Победата на домашните беше обезбедена уште во првото полувреме со двата брзи голови на Луис Опенда во 9-тата и 16-тата минута.
Печат на победата за Ленс стави Адриан Томасон во 56-тата минута.
Ленс со оваа победа се искачи на втората позиција на табелата со 66 поени, девет помалку од лидерот ПСЖ и и два повеќе од третопласираниот Марсеј кој има и натпревар помалку. Монако останува на четвртата позиција со 61 поен, но и надеж дека во финишот на првенството може да стигне до пласман во Лигата на шампиони.