Црна недела за автомото спортот, загина рели возач откако падна во провалија длабока 50 метри

Само девет дена по смртта на ВРЦ возачот Крег Бирн во Хрватска, и седум дена по смртта на Шпанците Хилио Сезар Кастриљо и Франциско Хавиер Алварез на релито во Астурија, вчера животот го загуби уште еден рели возач, Давид Лорес Томико.

Томико во саботата покрај местот Сан Бартоломе де Пинарес, излета од патеката и падна во провалија длабока 50 метри. Совозачката Наталија Рос го преживеа падот и е пренесена во локална болница, соопшти шпанската брза помош.

„За жал, Давид Лопес Томико почина. Искрено сочувство до семејството и пријателите“, објави шпанската автомото федерација преку официјалниот профил на Твитер. Томико и Рос беа дел од трката „Релиспринт“.

 

- Оглас -

Најнови вести