Ал-Наср и Кристијано Роналдо се под голем притисок дека вечерва мора да победат, а реално се големи фаворити и тоа треба да го направат лесно. Ал-Наср игра во полуфинале од Кралскиот куп на Саудиска Арабија, а противник им е Ал-Вехда, екипа која е на 13-тото место на табелата во домашното првенство и се бори да не испадне.
Ал-Хилал е првиот финалист откако синоќа дури по продолженија со 1:0 го победи Ал-Итихад во дербито. Ал-Хилал е тимот кој славеше над Ал-Наср минатата недела, што значи дека ако тимот на Роналдо денеска победи, ќе има можност да се реваншира во борба за трофејот во Купот.
Ал-Наср ја загуби борбата во Суперкупот на Саудиска Арабија, во првенството заостанува три бода зад лидерот Ал-Итихад, па Кралскиот куп може да му биде единствена шанса на Роналдо да се израдува на трофеј во првата сезона како играч во клубот од Саудиска Арабија.