Кризата во Баерн Минхен нема крај, се чини дека клубот се „распаѓа“ од внатре. Се погласни се шпекулациите дека ќе има големи промени во раководството на клубот, но и во играчкиот кадар.
Прв на удар е извршниот директор, Оливер Кан, кој се чини дека прв ќе добие „шут-карта“ од Баерн Минхен. Многумина ја сметаат голманската легенда за најголем виновник за лошите резултати, но и за лошите потези кои се преземаат во таборот на Баварците. Кан во Баерн дојде во 2021 година на местото на уште една легенда на клубот, Карл-Хајнц Румениге, но постигнувањата на поранешниот голман во клупското раоводство се далеку од неговиот претходник.
Промени ќе има и во играчкиот кадар, а според шпекулациите, први ќе си заминат Гнабри и Мане, кои на пазарот заедно вредат над 100 милиони евра. Нема да биде изненадување доколку од клубот си замине и легендата на Баерн, Томас Милер.