Најголема штета од вратените бодови на Јувентус може да има Динамо Загреб (Фото)

Динамо Загреб има 10 бода предност пред Хајдук на шест кола пред крајот на хрватското првенство речиси сигурно ќе го освои трофејот. Погледите на загрепчани сега се свртени кон Лигата на шампионите, иако треба да играат во квалификациите, веќе се размислува и за можните шешири за групната фаза.

Доколку Динамо Загреб успее да ги мине квалификациите и да се пласира во групите во Лигата на шампионите, според моменталните проекции би се нашол во третиот шешир, и тоа како најдобра екипа. Потребно ќе биде да се поклопат коцките во другите првенства и Динамо да биде дел од вториот шешир заедно со Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Рома … нешто што беше незамисливо до пред некое време.

Доколку на Јувентус не му беа вратени одземените 15 бода, Динамо веќе ќе беше во вториот шешир, но сега клубот од Загреб ќе се надева дека Милан ќе успее да го истисне Јувентус од Лигата на шампионите и клубот од Торино нема да игра во најквалитетното клупско натпреварување.

Сепак, Динамо најпрво треба да ја обезбеди титулата во Хрватска, што нема да му биде тешко, а потоа следува и она главното: да ги помине екстремно тешките квалификации за влез во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести