Навивачите на Хајдук ја окупираа Женева, но квотите најавуваат европска титула за АЗ Алкмар!

АЗ Алкмар е фаворит на хартија против Хајдук во финалето на Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, барем според квотите во Sport Life. Финалето се игра од 18 часот во швајцарскиот град Женева.

Холандскиот тим на патот до финалето ги мелеше гигантите Барселона и Реал Мадрид, а во полуфиналето на пенали го победи Спортинг Лисабон. Сплитските Били во полуфиналето беа подобри од Милан, а тие вечерва како ветер во грб ќе ги имаат навивачите.

Илјадници Хрвати заминаа во Женева да им дадат поддршка на младите хајдуковци, а дали тоа ќе биде доволно за победа на зелениот терен, останува да се види. Од АЗ Алкмар најавуваат дека не им е проблем што ривалот има поголема поддршка и поубаво е чувството кога ќе се замолкнат противничките фанови.

- Оглас -

Најнови вести