На Роналдо му избега уште еден трофеј во Саудиска Арабија

Португалецот Кристијано Роналдо ќе почека за првиот трофеј со Ал-Наср откако неговиот тим е елиминиран во полуфиналето во Кралскиот куп на Саудиска Арабија.

Ал-Наср во второто полуфинале е поразен од Ал-Вехда со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигнат Жан Давид Богел во 23-тата минута.

Во второто полувреме, Роналдо и Ал-Наср имаа и играч повеќе по исклучувањето на Ал Хафит во 53-тата минута, но не успеаја да постигнат гол.

Противник на Ал-Вехда во финалето на Кралскиот куп на Саудиска Арабија ќе биде Ал-Хилал, кој во првото полуфинале беше подобар од Ал -Итихад со 1:0.

Ал-Наср има многу мали шанси да ја освои титулата во првенството бидејќи на три кола до крајот има три бода помалку од Ал-Итихад, кој има и подобар меѓусебен скор.

- Оглас -

Најнови вести