Жирона и Реал Мадрид секогаш играат гол-гол, зошто да не биде така и денес

1301 – Жирона  – Реал Мадрид (19:00)

Реал Мадрид полека, но сигурно ја губи битката за титулата во Шпанија, а тоа е можност да се одигра отворен натпревар без калкулирање. Жирона и Реал Мадрид досега имаат одиграно седум натпревари и секогаш било гол-гол. На шест од овие натпревари освен гол-гол, паѓале најмалку по три погодоци, односно само еднаш одиграле 1-1.

Предлог тип: ГГ3+ (2.03)

 

3141 – Шибеник – Славен Белупо (18:00)

Дуел од хрватското првенство на две екипи со различни амбиции. Домашните се борат за опстанок, додека гостите за излез во фудбалска Европа. Шибеник има три порази по ред, додека Славен Белупо е во подобра форма. На последните 15 натпревари помеѓу овие две екипи, само еднаш имало повеќе од три гола. Значењето на натпреварот и традицијата се гаранција дека така ќе биде и денес.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.12)

 

1011 – Блекбурн – Барнли (21:00)

Домашната екипа води голема борба за влез во плејофот за пласман во Премиер лига, а таму веќе е екипата на Барнли. Гостите се во лоша форма бидејќи веќе ги остварија амбициите за оваа сезона. Во меѓусебните дуели последен пат повеќе од три гола имало во 2009 година, а тоа значи дека и вечерва овие две екипи ќе одиграат неизвесен натпревар без многу голови.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.12)

 

2621 – Вастерас – Еребро (18:00)

Натпревар кој ќе го затвори четвртото коло од првенството на Шведска. Домашните имаат одличен старт и сè уште немаат пораз, додека гостите немаат победа на првите три натпревари. Вастерас е фаворит, но интересни се нивните досегашни меѓусебни натпревари на кои никогаш немало помалку од два гола.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.18)

 

3131 – Младост ГАТ – Колубара (18:00)

Екипата на Младост е пред императивот победа за да остане во борбата за опстанок во српското првенство. Гостите од Лазаревац се први во плејаут-лигата со обезбеден опстанок. Овие две екипи имаат одиграно само два меѓусебни натпревари, а и двата завршиле без голови 0-0. Денес се очекува домашните да победат, но повторно да нема многу голови.

Предлог тип: 1 & 0-2 (2.80)

- Оглас -

Најнови вести