Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус ќе добие забрана за настап во европските купови за следната сезона, најавуваат италијанските медиуми.
УЕФА може да го суспендира Јуве доколку до јули не биде донесена конечна правна одлука околу статусот на клубот и дали ќе му бидат одземени или вратени тие 15 бода. Во УЕФА вршат своја истрага, а казната може да биде пренесена за 2024/2025 ако Јуве не обезбеди излез во Европа (доколку пак им бидат одземени 15-те бода и не ја освојат Лигата на Европа).
Старата дама е обвинета дека раководството ги фингирало своите финансиски извештаи со цел да испаднат чисти околу финансискиот ферплеј. Јувентус беше и еден од главните основачи на таканаречената Суперлига која засега не заживеа, па се шпекулира дека евентуалната суспензија може да биде мотивирана и од одмазда кон клубот.