Реал Мадрид добива лекција на гостувањето во Каталонија: За 25 минути губи со 2:0, а не игра против Барселона (Видео)

Жирона води со 2:0 по првите 25 минути на дуелот против Реал Мадрид, во меч од 31-вото коло во шпанското првенство. Изненадувачки делува овој резултат, но домаќините максимално ги искористија своите шанси.

Кастељанос е херојот во досегашниот дел од мечот постигнувајќи два гола. Напаѓачот на домаќините прво погоди за 1:0 во 12-тата минута, а во 24-тата минута веќе беше 2:0 за Жирона.

Вториот погодок на Жирона може да го видите ТУКА.

По неполни 30 минути игра, Жирона има помалку од 25 отсто посед на топката и двата шута кои ги упатија во рамките на голот, завршија во мрежата на гостите, а аргентинскиот голгетер е првиот фудбалер кој успеал да му даде два гола на Реал Мадрид во последните пет години.

- Оглас -

Најнови вести