Обрадовиќ уште сега го знае „клучот“ за тоа што треба да направи Партизан на вториот меч против Реал Мадрид

Партизан направи изненадување откако го совлада Реал во Мадрид, и тоа со кош буквално во последната секунда за водство од 1:0 во победи во четвртфиналето од кошаркарската Евролига. Најголем адут на Партизан дефинитивно е Жељко Обрадовиќ, тренерот кој е најтрофеен во европската кошарка.

На синоќешниот дуел Обрадовиќ уште еднаш покажа дека знае да постави перфектна тактика против фаворизиран ривал. Српскиот стратег веќе е фокусиран за тоа како треба да се одигра на вториот дуел, повторно на теренот на Реал.

„Тоа е кошарката. Среќен сум бидејќи се боревме 40 минути. Сега мораме да бидеме внимателни затоа што најголема грешка ќе направиме ако се олабавиме пред следниот меч. Тоа им го реков на играчите во соблекувалната. Следниот натпревар може да биде клучен. Ништо не треба да се остави за подоцна“, е советот на Обрадовиќ, кој потенцираше дека скок-играта била проблем за Партизан бидејќи Реал Мадрид имал дури девет напади повеќе.

- Оглас -

Најнови вести