Рајо Ваљекано забележа значајна победа од 2-1 над Барселона во борбата за излез во фудбалска Европа. Сепак, она што нас нè интересира е тоа дека репрезентативниот голман Столе Димитриевски одбрани одлично, иако неговата мрежа по 362-рата минута е затресена во дуелите против каталонскиот гигант.
Домашните одлично го отворија натпреварот и веќе во 19-тата минута дојдоа во водство од 1-0 со погодокот на Алваро Гарсија.
На стартот на второто полувреме, односно во 53-тата минута, веќе беше 2-0 за Рајо Ваљекано откако Фран Гарсија го пронајде патот до мрежата на Барселона.
Почесниот погодок за Барселона беше дело на Роберт Левандовски во 83-тата минута, со што ги постави конечните 2-1 за Рајо Ваљекано на овој натпревар.
Барселона останува на лидерската позиција со 76 бода, 11 повеќе од Реал Мадрид на 7 натпревари пред крајот на шпанското првенство. Рајо Ваљекано со оваа победа се искачи на деветтата позиција со 43 поени и е многу блиску да обезбеди излез во фудбалска Европа.