Алегри: Интер го „фати“ Јувентус на спиење во првите 15 минути

Интер победи со 1:0 против Јувентус во реваншот од Купот на Италија и тоа беше доволно Нераѕурите да се пласираат во финалето на ова натпреварување. На првиот дуел во Торино, резултатот беше 1:1, што значи дека тимот од Милано на крајот се радува со вкупен резултат од 2:1.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, им замерува на своите фудбалери дека биле заспани во првите 15 минути од средбата, период кога Интер и го постигна погодокот за победа.

„Во првите 15 минути од првото полувреме бевме заспани. Потоа заигравме подобро, но немавме многу шутеви кон противничкиот гол, а Интер покажа дека е психички стабилна екипа. Мора да ги наполниме батериите. Загубивме на четири од последните пет меча во Серија А, сега сме елиминирани од Купот и од утре мора да направиме нов фокус. Играме полуфинале во Лигата на Европа и треба да ја одбраниме позицијата во Серија А“, рече Алегри по елиминацијата во Купот.

- Оглас -

Најнови вести