Мичел е под притисок, време е Димитриевски да брани

Рајо Валјекано не игра добро, претрпе три порази на четирите меча во новата сезона во Ла Лига, па од тренерот Мичел се бараат радикални промени во составот и во концепцијата на играта со цел да се сопре лошата серија.

Клубот од Мадрид прима и многу голови, гол-разликата е 3:10 и со Леганес се третиот најлош состав во шпанската Ла Лига според бројот на примени голови. Пред нив се само Уеска и Леванте, но тие одиграа и по еден меч повеќе.

Една од промените би можела да му донесе деби на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, а на клупата би се преселил досега стандардниот голман Алберто Гарсија. Ветеранот (има 33 години, н.з.) не покажа дека е во добра форма, па на „Аноета“ вечерва од 21 часот против Реал Сосиедад можно е голот на Рајо Валјекано да го чува Димитриевски.

Македонскиот репрезентативец летово од Химнастик Тарагона се пресели во Мадрид, во редовите на Рајо Валјекано и чека шанса за деби-настап.

 

- Оглас -

Најнови вести