Грејачите ја завршија работата на „Рајко Митиќ“

Теренот на најголемиот стадион во Србија „Рајко Митиќ“ е зелен како во пролет, иако во Белград има снежна покривка што може да се види околу теренот, на трибините и атлетската патека на стадионот. Заслугата е на системот за греење, кој беше пуштен во употреба во средината на декември.

Тимот на Црвена ѕвезда, кој ги игра мечевите како домаќин на овој стадион, моментно е на зимски подготовки во топлите краишта во Турција, а за неколку дена ќе одигра контролен натпревар со скопски Работнички.

Снегот кој падна во Белград деновиве е стопен од грејачите, па тревнатата подлога е доволно добро зачувана за да може таму без никаков проблем да се играат мечеви и да нема работа за луѓето од комуналните претпријатија, кои со лопати го чистат снегот. Од Ѕвезда најавија дека системот за греење ќе биде активен до вегетативниот период.

- Оглас -

Најнови вести