Турскиот селектор се надева на победа во Скопје и пласман на ракометното ЕП

Македонската ракометна репрезентација со девет гола разлика како гостин ја победи Турција, па избраниците на Кирил Лазаров ќе бидат големи фаворити и на неделниот дуел во Скопје, на кој треба да се прослави нов пласман на Европско првенство.

Во последната деценија, Македонија е редовен учесник на европските првенства, но Турција никогаш не играла на ЕП во ракомет и евентуална победа во Скопје, за нив веројатно ќе значи испишување на историја. ЕП се игра во Германија, земја во која има огромен број Турци и Турците сакаат да бидат дел од тој голем настан.

Селекторот Окан Халај се надева на победа.

„Се надевам дека ќе победиме и првпат ќе се пласираме на ЕП“, рече Халај по поразот од Португалија.

- Оглас -

Најнови вести