Модриќ е повреден, нема да игра на клучните натпревари за Реал?

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, се повреди на дуелот против Жирона и го напушти теренот во 63-тата минута. Медицинските прегледи покажаа повреда на мускулот, која и не е толку наивна.

Според шпанските медиуми, Модриќ нема да настапи на дуелите против Алмерија и Реал Сосиедад во шпанското првенство, но останува неизвесен и за финалето на Кралскиот куп против Осасуна, како и за полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Дуелите против Алмерија и Сосиедат треба да се одиграат во сабота, односно во вторник, додека финалето од Купот на Шпанија е закажано за следната сабота, 6 мај, по што веднаш ќе следува и дуелот против Манчестер сити.

Доколку Модриќ не успее да закрепне во следните десеттина дена, тоа ќе биде голем удар за Реал Мадрид во борбата за двата трофеи.

- Оглас -

Најнови вести