Нант, Волфсбург и Валенсија се најблиску до победите според играчите на Спортска прогноза

Бесплатната понуда на Sport Life, Спортска прогноза започнува за малку помалку од 24 часа, односно утре во 13:30 часот, кога започнува и првиот натпревар од понудата Кристал палас – Вест хем.

Типувачите најголеми шанси за победа од домашните екипи им даваат на Нант и Волфсбург, кои со проценти над 80 се фаворити против Тулуз, односно Мајнц. Од гостинските екипи, најголеми шанси ѝ се даваат на екипата на Валенсија во дуелот против Кадис.

Дел од понудата се и дерби-дуелите од италијанската Серија А, Рома – Милан и Интер – Лацио, но и вечното хрватско дерби помеѓу Хајдук и Динамо Загреб.

За перфектно погодување, прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а прогнозерот со погодени 11 натпревари ќе добие ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести