Ферстапен најбрз, тренингот прекинат поради пожар на болидот на Гасли (Видео)

Макс Ферстапен од Ред Бул беше најбрз на првиот тренинг за ГП на Азербејџан, која во недела ќе се вози на улиците на Баку. Најдоброто време на Холанѓанецот изнесуваше 1:42.315, што беше побрзо само за 0.037 од Чарлс Леклер од Ферари. Третопласиран беше клупскиот колега на Ферстапен од Ред Бул, Серџо Перес, со заостанување од 0.139.

https://twitter.com/F1/status/1651901000188411905?s=20

Тренингот беше прекинат на 15 минути поради пожарот кој изби во болидот на возачот на Алпин Ф1 тим, Пјер Гасли. Од екипата информираа дека проблем била хидрауликата на болидот.

  • Ознаки
  • Ф1
- Оглас -

Најнови вести