Дисциплинците на Евролигата ги одредија казните за срамната тепачка синоќа кога беше прекинат мечот Реал Мадрид – Партизан.
Двата клуба треба да платат парична казна од по 50.000 евра за неспортско однесување на нивните играчи, а четворица кошаркари добија суспензии.
Гершон Јабуселе од Реал Мадрид доби забрана на настап на следните пет натпревари, што значи дека за него сезоната во Евролигата е завршена, дури и ако Реал дојде до финалето. Неговиот тимски колега, Габриел Дек, доби суспензија од еден меч.
И Партизан на третиот меч од серијата во вторник ќе биде сериозно ослабен. Суспензија од два меча доби Кевин Пантер, а еден меч на ладење оди Матијас Лесор. Клубовите немаат право на жалба на овие одлуки.