Навивачите на Партизан имаат право да бидат незадоволни од казните кои ги изрече Евролигата за тешкиот инцидент синоќа во Мадрид, новата реалност е дека иако водат со 2-0, ќе имаат проблем уште еднаш да го совладаат Реал, бидејќи ќе треба да играат без клучни кошаркари како Пантер, Лесор, можеби и Ексум.
Пантер кој тргна да се пресметува со Љуљ од кого беше грубо фаулиран, а потоа го удри Муса, доби суспензија од два меча, што значи дека не би играл на евентуалните двата меча во Белград против Реал, или на едниот во Белград на 2 мај, и потоа во полуфиналето на фајнал-форот, веројатно против Барселона.
Лесор има суспензија од еден меч и ќе фали само на следниот меч во вторник кој може да биде и последен во четвртфиналната серија која се игра во три добиени. Ексум има повреда на прст на ногата и не се знае колку и дали воопшто ќе паузира. Ако не игра ни тој, уште поголем ќе биде проблемот за Црно-белите кои се на чекор од финалниот турнир.
Суспензии кај Реал добија крилните центри Јабуселе и Дек кои играат променливо и не се толку клучни за Реал како Пантер и Лесор за Партизан. Дек би играл на евентуалниот четврти меч кој би се играл во Белград.