Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, само неколку месеци откако го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, преселувајќи се во саудискиот Ал-Наср, ги проживува најтешките моменти во кариерата и притоа го доживеа најголемото изненадување.
Откако неодамна Ал-Наср испадна во полуфиналето на кралскиот куп на Саудиска Арабија, навивачите почнаа јавно да неговуваат против Роналдо, а лошите резултати и големиот притисок, го натераа претседателот на тимот Мусали Ал-Муамар, да си поднесе оставка. Тој на прес-конференцијата на која објави дека си заминува, јавно го понижи Роналдо како никој досега.
„Во мојот живот, два пати сум измамен. Првиот пат кога платив за три ќебапчиња, а добив две. Вториот пат кога го доведов Кристијано Роналдо“, изјави Ал-Муамар.
https://twitter.com/LM10_BLAUGRANA/status/1650596961966235662?s=20