Што очекуваат кошаркарските ѕвезди од дуелот во Белград: “Реал не смее да влезе во сала“

Белградски Партизан двапати во само 48 часа го совлада Реал Мадрид на гостински терен и после тепачката на вториот дуел, сега сите го очекуваат натпреварот во Белград кој ќе се одигра во вторник.

Прв на социјалните мрежи се јави кошаркарот на Галатасарај, Дилан Енис, кој напиша:

– “Се молам Реал да влезе во Србија со полициска придружба. Влезот во Арената на Партизан на третиот и четвртиот натпревар … Се молам за вас.“

Сличен коментар има и кошаркарот на Анадолу, Ерик Меколум, кој вели:

– “Кога ќе дојдат во Србија, играчите на Реал најдобро е воопшто да не го напуштаат хотелот.“

На ова се надоврза и босанецот во дресот на Портланд, Јусуф Нукриќ:

– “Ерик многу си забавен. Играчите на Партизан имаат стил. Несреќна ситуација. Се надевам дека никој не е посериозно повреден.“

Кошаркарот на Олимпија Милано, Малком Делејни, вели:

– “Нема да се изненадам доколку Реал се обиде да издејствува натпреварот со Партизан да се игра пред празни трибини. Партизан не би требало да дозволи такво нешто. Ќе биде интересно во следните денови.“, сепак, белградска Арена веќе е распродадена и Партизан пред преполна сала ќе го одигра дуелот против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести