Дали Борусија Дортмунд е оштетена во борбата за титулата? (Видео)

Екипата на Борусија Дортмунд одигра само 1-1 против Бохум и сосем извесно ќе му го препушти лидерското место на Баерн Минхен, кој утре треба да игра против Херта Берлин.

Сепак, од Борусија сметаат дека се оштетени од судиите за два недосудени пенали, во 64-тата и 90-тата минута. Судиите гледаа ВАР, но одлучија дека нема пенал и во двете ситуации. И од германската судиска организација изјавија дека двете ситуации се анализирани и судиите донеле исправна одлука.

Сепак, тренерот на екипата од Дортмунд, Един Терзиќ е гневен на судиите и има свој коментар.

– “Од наша перспектива денес имаше две погрешни одлуки. Им кажав на судиите што мислам. За нас ова е единствена шанса. Единствено што барав од главниот судија е повторно да ја погледне ВАР снимката, а тој одби да го направи тоа.“

Видео од спорните моменти може да погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести