Легендата Милнер ќе го напушти Ливерпул, но ќе продолжи во Премиер лигата (Фото)

Легендарниот фудбалер, Џејмс Милнер, на крајот од сезона ќе си замине од Ливерпул, но нема да стави крај на кариерата. 37-годишниот фудбалер се очекува да потпише за овосезонското изненадување во Премиер лигата, екипата на Брајтон.

Милнер веќе 20 години настапува во Премиер лигата, а дебитираше во 2002-рата година за екипата на Лидс Јунајтед. Играше уште за Њукасл, Астон Вила и Манчестер Сити, а од 2015-тата година го носи дресот на Ливерпул.

Џејмс Милнер за овие осум години со Ливерпул освои буквално се што може еден фудбалер да освои во Англија, но и Лига на шампиони, Супер куп на Европа и светско клупско првенство. За Ливерпул до сега има 326 настапи и 26 голови.

Екипата на Брајтон веќе има подготвено понуда за него и се очекува дека таа ќе биде прифатлива за Милнер и тој кариерата ќе ја продолжи во синиот дрес на хитот на премиерлигашкото првенство.

- Оглас -

Најнови вести