Полиција и истражители влегоа во Баерн Минхен!

Како што пренесуваат германските медиуми, во вторникот кримполиција упаднала во просториите на Баерн Минхен на Алијанц Арената. Полициската истрага е за наводно перење на пари за руско-узбекистанскиот олигарх Алишер Усманов.

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, беше во добри односи со Усманов, но резултатите од истрагата се уште не се познати.

– “Не спроведуваме никаква истрага против Баерн Минхен, ниту против чекниците или членовите на клубот.“ – се вели во краткото соопштение на германската полиција.

Според шпекулациите, луѓе од клубот би можеле да бидат сведоци во овој случај.

- Оглас -

Најнови вести