Конечна одлука: Барселона ја скрои трансфер-листата!

Раководството на Барселона стави четворица фудбалери на продажба, а за двајца други е поготвена да ги разгледа понудите. Сето ова е поради финансиските проблеми во кои се наоѓа клубот, но и да се отвори простор за враќањето на Лео Меси на Ноу Камп.

Франк Кеси, Жорди Алба, Феран Торес и Ансу Фати се фудбалерите кои се ставени на продажба и Барселона очекува добро да заработи од нив. Торес и Фати вредат по најмалку 50 милиони евра и Барселона нема да има никаков проблем да ги продаде и добро да заработи. Воедно, Фати го има доби дресот со број 10 после заминувањето на Меси, па така со неговата продажба уште еден проблем ќе биде решен и бројот 10 ќе повторно ќе биде слободен за Меси.

Интерес за Кеси покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Интер, и тука Барселона ќе заработи најмалку 30 милиони евра од неговата продажба. Сепак, најголем проблем за Барселона ќе биде продажбата на Жорди Алба, кој не сака да го напушти Ноу Камп пред истекот на договорот.

Останатите двајца фудбалери за кои Барселона ќе очекува понуди, а официјално не се дел од трансфер-листата се Рафиња и Ерик Гарсија. Токму за првиот се шпекулира дека за него интерес покажал премиерлигашот Њукасл и нема да биде чудно доколку и тој го напушти “каталонскиот“ гигант.

Истовремено, раководството на Барселона работи и на доведување на нови фудбалери, секако, кои се слободни на пазарот. Освен Лео Меси, се шпекулира со имињата на Ињиго Мартинес од екипата на Атлетик Билбао и германецот со турско потекло, Илкај Гундоган, на кој му истекува договорот со Манчестер Сити. Овие тројца фудбалери се речиси договорени и сосема е извесно дека следната сезона ќе настапуваат за Барселона.

- Оглас -

Најнови вести