Вардар со гол од пенал до победа, Воска и Гостивар без грешка

Првопласираните три екипи во Втора фудбалска лига на Македонија, победија во дуелите од 27 коло. Најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар славеше на гости кај Беласица со 1:0 и тоа благодарение на погодокот на Кристијан Николовски од пенал. Најстрогата казна беше досудена откако еден од домашните фудбалери, играше со рака во шеснаесетникот.

Со оваа победа Вардар стиггна до 62 бодови, но остана на исто растојание зад водечкиот двоец Воска и Гостивар, бидејќи и тие две екипи се радуваа денеска. Воска во Охрид со 2:0 беше подобра од Арсими, додека Гостивар на свој терен без проблеми со 3:0 го победи Охрид.

Денеска се одигра и еден меч од Прва лига во кој Шкендија на свој терен со 3:1 славеше над Македонија Ѓорче Петров.

Резултати од Втора лига: Беласица – Вардар 0:1, Воска – Арсими 3:1, Беса – Детонит Плачковица 3:0, Каменица Саса – Борец 3:0, Гостивар – Охрид 3:0, Локомотива Скопје – Караорман 4:1, Слога Виница – Кожуф 2:1, Тетекс – Пелистер 2:1.

Втора лига табела: Воска Спорт 68 бодови, Гостивар 64, Вардар 62, Пелистер 53, Детонит Плачковица 47, Беса 42, Охрид 37, Арсими 36, Беласица 35…

 

- Оглас -

Најнови вести