Познатата српска докторка ќе му помогне на Модриќ да биде подготвен за Сити

Лука Модриќ заработи повреда на првенствениот дуел против Жирона и предвидувањата се дека со сигурност ќе го пропушти финалето од Купот на Шпанија, но најверојатно и полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Токму затоа целиот фокус е ставен на дуелот од Лигата на шампионите, а Лука Модриќ е на третмани кај познатата српска докторка Маријана Ковачевиќ. Таа се прослави откако ги лекуваше Робин ван Перси, Диего Коста и Алексис Санчез, а соработуваше и со Кристијано Роналдо. Во јануари беше дел и од медицинскиот тим на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

– “После моите третмани мускулот е потполно нов и нема траги на повреда. Нема можност и за нова повреда, тоа е револуционерна метода. По завршувањето на терапијата со снимка проверуваме дали се поминало во најдобар ред. Поентата е да дојде до комплетна регенерација на мускулот. Терапијата е толку јака што еден час е како цела седмица со која било друга метода. Значи ако им кажат дека ќе паузираат четири седмици, јас тоа го средувам за четири часа.“ – изјави докторката Ковачевиќ на телевизиско гостување.

- Оглас -

Најнови вести