Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски, продолжува со одличните игри во дресот на Дебрецин и во денешната победа над Мол Фехервар имаше голем удел постигнувајќи гол.
Бабунски на стартот од второто полувреме, во 52-та минута ги отвори резултатот, и тоа беше негов 11-ти гол за Дебрецен сезонава. Македонецот се наоѓа на четвртото место на листата на најдобри стрелци во унгарскиот шампионат и е најдобар стрелец на својот тим.
Победата на Дебрецин ја завери Боди во 81-та минута.
Со новиот триумф, Дебрецин е четврти на табелата со 46 бода, само еден помалку од Пакс кој е на позиција која носи пласман во квалификациите за Лигата на конференции.