Крилото Гоце Георгиевски, денеска го игра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација и пред почетокот на мечот со Турција, тој доби подарок од претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
Мукаетов на Георгиевски му подари врамен дрес со бројот 22 .
Георгиевски на својот последен настап за македонската репрезентација ја има и капитенската лента.