Убав гест приреди раководството на Арсенал вечерва, за мечот од Премиер лигата со Кардиф и на списокот на гостински играчи го приклучи Емилијано Сала.
Аргентинецот вечерва за првпат требаше да игра за Кардиф откако за 17 милиони евра потпиша за англискиот прволигаш од Велс. Сала сè уште се води како исчезнат по несреќниот лет од Нант кон Кардиф минатиот понеделник.
Потрагата по него продолжува, но шанси да се најде жив речиси и нема.
Крај презимето на исчезнатиот фудбалер, на официјалната програма за вечерашниот меч стои и цвет во знак на почит кон Емилијано Сала.