Кошаркарите на Реал Мадрид вечерва со специјален чартер-лет ќе пристигнат во Белград, пред утрешниот трет натпревар од серијата против Партизан. Од “кралскиот“ клуб стравуваат за својата безбедност, после масовната тепачка која се случи минатата недела на вториот натпревар помеѓу овие две екипи.
Еве што се бара Реал Мадрид како безбедносни мерки по нивното пристигнување во Белград:
– Превоз со автобус од аеродром до хотел без никакво задржување за пасошка и царинска контрола, за да се избегне контакт со медиумите и навивачите на Партизан.
– Засилена полициска придружба за време на целиот престој во Белград.
– Полициска придружба од аеродром до хотел и од хотел до сала и назад со напомена дека бара зголемен број на полиција околу нивната клупа во салата.
– Зголемено полициско присуство во и околу хотелот во кој ќе бидат сместени кошаркарите.
Билетите за натпреварот се одамна распродадени и се очекува да има повеќе од 20.000 навивачи во салата. Партизан има предност од 2-0 и со евентуална победа ќе обезбеди пласман на фајнл-фор турнирот од Евролигата.