Во својата прва сезона како тренер на ПСВ Ајндховен, холандската фудбалска легенда Руд Ван Нистелрој веќе освои два трофеи, и најавува успешна кариера и како стратег.
Ван Нистелрој кој најславните денови како напаѓач ги имаше во ПСВ, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, лани седна на клупата на ПСВ и успеа на ривалот Ајакс да му „украде“ два трофеи, во Купот и Суперкупот на Холандија.
Титулата во првенството ќе ја освои Феенорд, куповите се одлична сатисфакција за Руд особено што во финалињата го победуваа Ајакс.
Еве како Ван Нистелрој танцуваше во соблекувална и ја прославата својата втора титула во дебитантската сезона како главен тренер:
https://twitter.com/i/status/1652895607218905088