Хабиб Нурмагомедов не смее да се бори во кафезот, во УФЦ во следните 9 месеци. Тој ќе плати и парична казна од 400 илјади евра, а неговиот последен противник Конор Мекрегор ќе одмори половина година и ќе плати глоба од 40 илјади евра.
Атлетската комисија на Невада ги одреди казните за двајцата УФЦ-борци.
Нурмагомедов заработи поголема казна откако светскиот шампион по победата против Мекрегор го прескокна рингот и се пресмета со член од таборот на Конор.
Во кафезот немаше неизвесност, а Хабиб лесно го декласира Шкотот, кој не беше достоен ривал.