Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ги доби противниците со кои ќе игра на претквалификациите за Олимписките игри. Во Талин, нашата репрезентација во август ќе се соочи со Чешка, домашната Естонија, и Израел.
„Можевме да поминеме и подобро во ждрепката. Добивме силни, квалитетни противници. Еден од нив е домаќинот на турнирот во Талин, но уште поголем квалитет се Чешка и Израел, постојани учесници на Евробаскетот. Наша цел на турнирот ќе биде да направиме добра подготовка за она што не чека во евроквалификациите и да се воиграме подобро за новиот циклус во кој се бара место на ЕП” – изјави Бојан Крстевски.