Партизан во преполната „Штарк арена“ вечерва ќе биде домаќин на Реал Мадрид, во третиот дуел од четвртфиналната серија во Евролигата. Српскиот тим неочекувано води со 2:0 во победи и потребен му е само уште еден триумф за да обезбеди место на фајнлфор-турнирот.
Иако Партизан води со 2:0 и игра дома, според квотите во Sport Life, Реал Мадрид е фаворит за победа. Црно-белите само пред еден месец во Белград славеа над Реал со 104:90, а фановите на Партизан очекуваат вечерва да има делириум во салата.
Во Тел Авив вечерва ќе играат и Макаби против Монако, а резултатот тука е 1:1 во победи. Утре ќе се играат и преостанатите два дуела од четвртфиналето.
Во понудата на Sport Life има одлична понуда за „плус-минус“ на поени, скокови и асистенции на кошаркарите кои вечерва треба да бидат на терен.