Последниот меч што го играа Реал Мадрид и Партизан не го дочека крајот откако играчите на двата тима учествуваа во масовна тепачка, по која судиите ги исклучија сите кошаркари на двата тима.
По тој инцидент во Мадрид, тензијата се префрли во Белград, каде што вечерва во „Штарк арената“ ќе се игра третиот меч. Доколку Партизан победи, ќе обезбеди место на фајнлфор-турнирот, а ако Реал победи, ќе продолжи неизвесноста и мадриѓаните ќе намалат на 1:2 во победи.
Српскиот „Телеграф“ неофицијално пишува дека за сигурноста на играчите на Реал Мадрид се ангажирани дури 500 полицајци и лица од обезбедувањето. Дуелот започнува од 20:30 часот, па останува да видиме каква ќе биде атмосферата на теренот, но и на трибините.