Арсенал повторно игра шампионски, го „гази“ Челзи на полувремето (Видео)

Фудбалерите на Арсенал играат одлично прво полувреме и го „газат“ Челзи со 3-0 само по 45 минути игра. Со евентуална победа на денешниот дуел, Арсенал повторно ќе се врати на врвот на премиерлигашката табела, но Сити повторно ќе биде во предност бидејќи Гаѓаните имаат два натпревари помалку.

Резултатот го отвори Одегард во 18-тата минута со прекрасниот гол во мрежата на Челзи.

 

Во 31-вата минута Одегард повторно стрела во голот на Челзи, овојпат за 2-0.

Габриел Жезус во 34-тата минута најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Челзи и постигна погодок за убедлива предност на полувремето.

- Оглас -

Најнови вести